Милан купува напаѓач од Ливерпул

Весникот Corriere dello Sport пишува дека челниците на Милан се откажале од трансферот на Златан Ибрахимовиќ бидејќи во јануарскиот преоден рок планираат да ангажираат еден од напаѓачите на Ливерпул.

И покрај фактот дека од ЛА Галакси тврдат дека преговорите за трансфер на Ибрахимовиќ се уште се во тек, спортскиот директор Леонардо се подготвувал да испрати понуда до Ливерпул за евентуално ангажирање на Дивок Ориги или Даниел Стариџ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ