
Мигрантите заглавени на границата меѓу БиХ и Хрватска започнаа штрајк со глад
Десетици мигранти кои се наоѓаат во Босна, почнаа штрајк со глад, по одлуката на босанските власти да ги преместат од нивниот импровизиран камп на патот што води кон хрватската граница.
Мигрантите, меѓу кои има и деца, го поставија кампот во надеж дека ќе ја притиснат Хрватска да ја отвори границата, и ќе ги пушти да продолжат кон север.
Босанските власти велат дека со денови се обидуваат да ги убедат мигрантите да се префрлат во прифатилишта подалеку од границата.
Тие велат дека ако не сакаат доброволно да заминат, ќе бидат преместени со полиција.
По затворањето на балканската рута, последнава година, рутата се премести кон Босна, оставајќи илјадници луѓе заглавени таму.