МИ: РАКОМЕТАРКИТЕ ЗАГУБИЈА ОД ЦРНА ГОРА НО ОБЕЗБЕДИЈА ПОЛУФИНАЛЕ

Македонските ракометарки  претрпеа пораз од селекцијата на Црна Гора со 23:28 но  со триумфот на Турција над Египет  обезбедија местото во полуфиналето на Медитеранските игри во Тарагона .Утрешниот дуел против Египет ќе биде само формалност  и во полуфиналето,сениорките ќе се сретнат  со домаќинот Шпанија.

После двете победи над Турција и Србија,Македонија денеска имаше две различни полувремиња. Солидно прво,кое заврши со по 15 голови на двете страни и пад во играта во вторите 30 минути кои црногорките ги затворија  со 28-23.Ристовска со 7  погодици беше најефикасна кај Македонија,Георгиевска постигна 5,по 3 гола реализираа Гакидова и Саздовска.На табелата,Црна Гора има максимални 12 бода после групната фаза и утре е слободна, Македонија утре од 12 часот игра против Египет.Машката селекција го заврши настапот на МИ откако ги загуби мечевите од  Турција и Египет а ја  победи  Србија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ