
Металург закажа финале со Вардар: Голманот Томовски го уништи Еурофарм
Металург славеше со 28-21 против Еурофарм Работник во второто полуфинале на завршниот турнир во Купот на Македонија во ракомет, што се одржува во Битола.
Скопјани го диктираа резултатот и водството од почеток до крај, а можеби најзаслужен за триумфот на вицепрвакот е голманот Мартин Томовски. Тој имаше дури 20 одбрани, од кои дури 13 во второто полувреме.
Во нападот најдобар беше Филип Кузмановски со пет голови, додека кај Работник, Стефан Дрогиршки реализираше осум пати во мрежата на својот поранешен клуб.
Финалето во салата „Младост“ се игра утре со почеток во 16.30 часот со директен пренос на Телевизија Телма.