Металуг ќе аплицира за вајлд-карта за настап во ЛШ

Македонскиот вицепрвак Металург ќе аплицира за место во ракометната Лига на шампиони следната сезона. Во елитното клупско натпреварување од Македонија директно оди само шампионот, а тоа е Вардар, но од таборот на клубот од Автокоманда се надеваат дека и оваа година ЕХФ ќе им дозволи настап со вајлд-карда.

И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Денеска ни завршуваат обврските во домашното првенство, а во текот на идната недела преку канцеларијата на РФМ ќе ја испратиме нашата апликација до ЕХФ. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита“, вели Зоран Цветановски, претседателот на Металург.

Металург шест сезони по ред е дел од групната фаза во Лигата на шампионите, а изминатите три не успеа да мине во нокаут рундата. Најголем успех на клубот во елитното натпреварување е двојното учество во четвртфиналето во 2013 и 2014 година.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ