Меси трагичар: Аргентина само до реми со Исланд (ВИДЕО)

Фаворизираната Аргентина имаше кошмарен старт на Светското првенство во Русија, откако одигра само 1-1 со Исланд во рамки на групата Д.

„Гаучосите“ доминираа, имаа и шанси, а трагичар на натпреварот беше Лионел Меси, кој не реализираше пенал во 64-тата минута. Голманот на Исланѓаните, Ханес Халдорсон успеа да одбрани. Со пеналот, Меси можеше да и донесе водство на Аргентина од 2-1 и комплетно да го смени текот на натпреварот.

Работите тргнаа добро за „гаучосите“ кој поведоа преку Кун Агуеро во 19-тата минута. Исланд израмни само четири минути подоцна, откако дефанзивата на Аргентина беше лошо поставена, а отпадокот во гол го претвори Алфред Финбогасон.

Во оваа група, вечерва се игра дуелот помеѓу Хрватска и Нигерија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ