
Меси со најголема заработка во 2018
Лионел Меси со 112 милиони евра е прв на листата на спортисти кои имале најголема заработка во текот на 2018 година објавена од магазинот Форбс. Втор со 96 милиони е Кристијано Роналдо додека на третата позиција со 92 милиони евра е Нејмар.
Стоте спортисти со најголема заработка во изминативе 12 месеци инкасирале скоро четири милијарди евра што е за пет проценти повеќе во однос на претходната година.
Откако на последната листа немаше ниту една дама меѓу првите сто во елитата се врати Серена Вилијамс која е на 63-тата позиција, а меѓу десетте најдобро платени се наоѓаат уште Канело Алварез, Роџер Федерер, Расел Вилсон, Арон Роџерс, ЛеБрон Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент.