МЕСИ ПО РЕКОРДЕН ПЕТТИ ПАТ ЈА ОСВОИ ’’ЗЛАТНАТА КОПАЧКА’’
Аргентинецот Лионел Меси е првиот фудбалер во Европа кој по петти пат ја освои „Златната копачка“.Звездата на Барселона постигна 34 голови на 36 средби во Шпанскиот шампионат и со 68 поени официјално е најдобриот стрелец во Европа.Мохамед Салах од Ливерпул со 32 гола и Хари Кејн напаѓачот на Тотенхем со 30 погодоци завршија на следните две места. Меси по рекорден петти пат ја освојува „Златна копачка“. Претходно ,аргентинецот беше најдобар стрелец во европските првенства во 2010, 2012, 2013 и 2017 година.