
МЕСИ ПО ПЕТТИ ПАТ НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ ВО ЕВРОПА
Звездата на Барселона,Лионел Меси по рекорден петти пат ја доби „Златна копачка” за најдобар европски голгетер во минатата сезона и го надмина португалецот од Јувентус Кристијано Роналдо кој остана на четири наслови. Меси постигна 34 голови во Шпанското првенсвто и во трката за најдобар стрелец во Европа ги победи Мохамед Салах, кој во дресот на Ливерпул постигна 32 гола во Премиер – лигата, и Хари Кејн од Тотенхем, со 30 погодоци.