МЕРЦЕДЕС И ФЕРАРИ НА ТЕСТ СЕСИЈА ПРЕД СТАРТОТ НА 2020

Звукот на моторите  во Формула 1 ќе се врати на  тркачките патеки веќе  следната недела.Шампионскиот тим на  Мерцедес планира дводневен приватен тест на Силверстоун.Германската екипа ќе  работи  на новиот болид ,но со агрегат  од 2018 година.Валтери Ботас ќе биде тест возачот на  сесијата во  вторник,9 јуни.Актуелниот првак  Луис Хамилтон ќе го преземе болидот  наредниот ден.И Ферари ќе спроведе тестирања   во следните недели,но од италијанската екипа  не соопштија точен термин  и локација.Шарл Леклерк и Себастијан Фетел ќе имаат можност за загревање  пред најавениот почеток на сезоната наредниот месец на Ред Бул Ринг во Австрија.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ