Меркел: Бундеслигата ќе продолжи овој месец

Германската Бундеслига  доби зелено светло од властите во  земјата  .Пред продолжение на сезоната ќе  има 14 дневен карантин.Сите мечеви ќе се играат без публика.

 

Германската канцеларката Ангела Меркел потврди дека фудбалската сезона во земјата  ќе продолжи овој месец и покрај  10-тте   позитивни  тестови на играчи од 1. и 2. Лига.Ако се испочитува најавениот карантин,реален термин за ре-старт е 21 мај иако е можно сезоната да продолжи и порано,на  16/17 мај. Лигата беше прекината на 11 март. На 9 кола до крајот од сезоната, Баерн е водечки на табелата со предност од 4 бода пред Борусија Д.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ