Медалите се приоритет на македонските каратисти на ЕП во Нови Сад

Каратето изминатите години е најуспешен македонски спорт во меѓународни рамки, а нашите репрезентативци сакаат да ја продолжат успешната традиција на освојување на медали од Европските првенства и на собирот во Нови Сад, Србија.

Конкуренцијата ќе биде голема и жестока, бидејќи на континенталниот собир ќе учествуваат дури 523 каратисти од 52 земји, што претставува нов рекорд. Поранешните медалисти од Европските првенства Берат Јакупи и Емил Павлов повторно ќе бидат наши адути за висок пласман.

Македонската репрезентација последната фаза од подготовките ја мина во Дојран и во добра форма го очекува Европското првенство на кое ќе настапиме со 16 натпреварувачи, 14 во борби, а двајца во кати. Турнирот стартува во четврток и ќе трае до недела.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ