Мартинез на кормилото на првата репрезентација кај ФИФА до 2022
Белгија, водечката фудбалска репрезентација на ранг листата на ФИФА го обезбеди селекторот Роберто Мартинез до 2022 година
Се уште нема потврда од матичната федерација, но белгиските медиуми откриваат дека поранешниот менаџер на Евертон ќе го предводи тимот и на СП во Катар. Претходниот договор на стратегот требаше да заврши после ЕШ 2020, што беше одложен за следната година. 46-годишниот шпански тренер ја предводи репрезентација на Белгија од 2016 и освои бронзен медал на СП во 2018.Во квалификациите за ЕП ,неговата екипа победи на сите 10 натпревари, постигнувајќи 40 голови и прими само 3. Ждрепката за ЕП одложено за 2021, ги постави белгијците во група со Данска, Финска и Русија.