
Марковски на дополнителни прегледи на окото
Еден од нашите клучни играчи во дефанзивата, Велко Марковски ќе мора да оди на дополнителни прегледи за да се утврди тежината на повредата по ударот што го доби на вчерашниот контролен дуел со Словенија.
Марковски по еден обид на Бомбач доби удар во окото и во прв момент изгледа дека повредата не е наивна и поради тоа тој мора да направи дополнителни прегледи.
Нашиот репрезентативец со сигурност нема да игра на утрешниот меч со Црна Гора, а по прегледите ќе се знае дали тој ќе може да биде во составот за претстојното Европско првенство.
Првиот меч репрезентацијата на Македонија го игра на десетти јануари против селекцијата на Украина.