Маркез на пол-позицијата во Австрија

Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка што се вози за Големата награда на Австрија.

На денешните квалификации возачот на Репсол Хонда имаше најбрзо време на патеката „Ред Бул Ринг“ и зад себе ги остави двајцата возачи на Дукати, Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо.

Јамаха имаше очајни квалификации, бидејќи Валентино Роси ќе стартува од 14-тата позиција, додека неговиот тимски колега Маверик Вињалес ќе тргне како 11-ти.

Трката за Големата награда на Австрија стартува утре од 16 часот.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ