Манчини повторно не смета на Балотели

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини го објави списокот на играчи кои ќе бидат во конкуренција за последниот натпревар од Лигата на нации против Португалија и контролниот меч со САД.

Предводникот на националниот тим повторно реши да не го повика напаѓачот Марио Балотели, кој не е на списокот за последните четири настапи на Аѕурите.

Балотели беше дел од репрезентацијата на првите два натпревари во новата сезона, но очигледно дека не ги исполни очекувањата и Манчини како опции во нападот се реши за Берарди (Сасуоло), Бернардески (Јувентус), Киеза (Фиорентина), Грифо (Хофенхајм), Имобиле (Лацио), Инсиње (Наполи), Лазања (Удинезе), Паволети (Каљари) и Политано (Интер).

Италија мечот против Португалија во Лигата на нации ќе го одигра на 17 ноември во Милано додека три дена подоцна во Генк ќе се сретне со САД.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ