
Манчестер Сити и Челзи заинтересирани за Иско
Според пишувањето на некои медиуми во Велика Британија, Манчестер Сити и Челзи се заинтересирани за ангажирање на фудбалерот на Реал Мадрид, Иско.
По доаѓањето на тренерот Сантијаго Солари, шпанскиот репрезентативец го загуби местото во првата постава на Кралскиот клуб и неофицијално побарал од челниците во јануари да ја смени средината.
Најголем проблем околу реализација на трансферот е откупната клаузула во договорот на Иско според која идниот клуб ќе мора да плати сума од 700 милиони евра.