
МАНЧЕСТЕР СИТИ Е ШАМПИОН НА АНГЛИЈА
Манчестер Сити во голем стил ја заврши сезоната и со гостински триумф од 4-1 кај Брајтон го одбрани насловот во најсилната фудбалска Лига на ’’Островот’’.Шеста титула во Премиер лигата за ’’Граѓаните’’,втора откако шпанскиот стратег Пеп Гвардиола е тренер на клубот.Сити заврши со 98 бода после 38 коло,еден повеќе од Ливерпул кој ја одработи домашна задача на Енфилд во последното коло со 2-0 против Вулверхемптон.
Сити стартуваше нервозно во најважните 90 минути сезонава.Мареј донесе предност за Брајтон во 27 минута,што ги разбуди гостите па Агуеро во наредната минута и Лапорте во 38-та изборија 1-2 на полувремето.Марез во 63.минута и Гундоган во 72-та ја заверија победа со два спекталурнаи гола кои беа вовед во прославата.
Ливерпул со погодоците на Мане славеше над Вулвс и заврши на 2.место а во ЛШ ќе играат Челзи и Тотенхем.Арсенал и Манчестер Јунајтед од 5 и 6 место на трабелата во ’’Премиер’’ со настап во ЛЕ.Премиер лигата ја напуштаат Кардиф,Фулам и Хадерсфилд.