Малиот кристален глобус во велеслалом за Хиршер

Норвешка доминација на велеслаломската трка во Крањска Гора. Хенрик Кристоферсен славеше со 24 стотинки предност во однос на сонародникот Расмус Виндингстад додека третата позиција му припадна на Швајцарецот Марко Одермат, кој зад победникот заостана 56 стоти дела.

Марсел Хиршер настапот во Словенија го заврши на шестото место и со вкупно 660 бода на една трка пред крајот го освои малиот кристален глобус пред Кристоферсон и Алексис Пантуро. Во генералниот пласман за Светскиот куп, Хиршер води со 1448 бода пред Пантуро со 963 и Кристоферсен со 908.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ