Малдини доби директорска функција во Милан

Паоло Малдини од денеска и официјално е дел од раководната структура на екипата на Милан.

Легендарниот фудбалер се враќа во таборот на „росонерите“ овој пат како директор за стратегиски развој на клубот.

Тој блиску ќе соработува со спортскиот директор Леонардо и секако со тренерот Џенаро Гатузо, две личности со кои мина многу време и на фудбалскиот терен во „црвено-црниот“ дрес.

Малдини цела кариера ја мина во Милан и одигра вкупно 25 сезони, а дебитираше на само 16 години. За тоа време тој со тимот од „Санс Сиро“ освои вкупно 26 трофеи, од кои седум титули во Серија А и пет титули во Лигата на шампиони.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ