Македонците од алкохол најмногу пијат пиво, а најмалку во регионот

Секој жител на Европската Унија во 2017 година за алкохол потрошил просечно по 300 евра, а во секое домаќинство 1,6 осто од вкупниот буџет отишол на жестоки пијалоци, вино и пиво, покажуваат податоците на Евростат. За алкохолни пијалоци, во ЕУ се потрошени 130 милијарди евра во 2017 година, што е 0,9 отсто од БДП на Унијата. Најмногу алкохол се пиело во балтичките држави, лидер е Естонија, а најмалку на алкохол трошеле шпанците, грците и италијанците.

Во Македонија, според податоците од Светската здравствена организација најмногу се консумира пиво 47, 4 отсто, вино 39,9 отсто, додека останатите пијалоци кои се консумираат се 12, 6 отсто од вкупната потррошувачка на алкохолни пијалоци. Според државниот завод за статистика, во 2017, во домакинствата најмногу се пиеле безалкохолни пијалоци, а од алкохолните, едно домакинство консумирало во просек по 404 литри пиво, 6,3 литра вино и 2 литра други жестоки пијалоци. Споредбено со годините наназад, македонците се најслабите пивопијци во регионот. Во Македонија, консумацијата на пиво се движи под 30 литри пиво по жител годишно, додека во Србија таа количина е околу 65 литри, а во Хрватска и Бугарија изнесува над 75 литри по жител.

Според Светската здравствена организација, Европа има највисоко ниво на консумација на алкохол во светот и највисока стапка на смртност поврзана со неговата употреба.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ