Македонија заедно со Црна Гора и Словенија домаќин на ЕП 2022

На конгресот на Европската куќа на ракометот (ЕХФ) во Глазгов денеска беше потврено дека Македонија ќе биде еден од домаќините на Европското првенство за ракометарки во 2022 година заедно со Словенија и Црна Гора.

Овие три земји беа единствените кандидати за организација на турнирот, па ЕХФ реши да им додели заедничка организација.

Според првичните планови градови домаќини ќе бидат Скопје со салата „Борис Трајковски“, Подгорица со „Морача“ со по една група, а две групи ќе играат во Словенија во Љубљана и Целје. Завршницата ќе се игра во Љубљана.

Ова значи дека Македонија по втор пат во својата историја ќе биде домаќин на едно Европско првенство во женска сениорска конкуренција по 2008 година. Машкото европско првенство во 2022 година ќе биде во Унгарија и Словачка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ