Ракомет Македонија во вториот сад во квалификациите за Евро 2022
Во пресрет на жрепката за квалификациите за Европското првенство во ракомет во машка конкуренција што ќе се одржи во 2022 година, а домаќини се Унгарија и Словачка, ЕХФ ги одреди квалитативните садови. Селекцијата на Македонија се наоѓа во вториот сад заедно со Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Полска.
Директен пласман во завршницата на првенството покрај домаќините обезбедуваат и националните тимови на Шпанија и Хрватска, а преку квалификациите учество на континенталниот шампионат ќе обезбедат двете првопласирани од сите осум групи и четири најдобри од селекциите кои завршиле на третата позиција.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 20202 – КВАЛИТАТИВНИ САДОВИ
САД 1: Норвешка, Шведска, Данска, Франција, Германија, Словенија, Чешка и Исланд
САД 2: МАКЕДОНИЈА, Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија.
САД 3: Швајцарија, Литванија, Романија, Босна и Херцеговина, Украина, Летонија, Полска и Белгија
САД 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови
Квалификациските натпревари се играат на 4/5 и 8/9 ноември 2020, вториот круг е на 10/11 и 13/14 март, 2021 додека последното коло е на програмата 29 април и 2 мај.
Жрепката ќе се одржи на 16 јуни, а почетокот е закажан за 17 часот.



