МАКЕДОНИЈА ВО ГРУПА СО СЛОВЕНИЈА,РУСИЈА,ФИНСКА,ТУРЦИЈА И БЕЛОРУСИЈА
Во дебито на Европските првенства,нашиот машки одбојкарски тим ќе игра во конкуренција на Словенија,Русија,Финска,Турција и на Белорусија како дел од групата Ц и ќе бара пласман на едно од првите 4 места кои водат до следната фаза на шампионатот.Во групата А ,ќе играат Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција и Романија,во група Б, Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија и Австрија, и во групата Д , Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина и Црна Гора. ЕП за прв пат е во формат од 24 земји учеснички.Домаќини се Франција,Словенија,Белгија и Холандиј во термин од 12 до 29 септември.Нашиот состав натпреварите од првата фаза ќе ги игра во Љубљана.