Македонија тргнува како лидер во главната фаза – познат и распоредот на натпревари

Со завршувањето на дуелот помеѓу Данска и Шпанија (25-22), веќе е јасно дека Македонија ќе ја почне главната фаза како лидер во Групата 2, што ќе се игра во Вараждин.

Нашиот тим пренесе три бода во следната рунда, додека Германија и Словенија од Групата Ц пренесуваат два, односно 1 бод. Од Групата Ц, сите три репрезентации кои ни се приклучуваат во главната фаза Шпанија, Данска и Чешка пренесуваат по два бода.

Македонија ја очекуваат три дена пауза, а во првото коло од главната фаза во Групата 2 тргнуваме против Шпанија на 21 јануари (недела). Следен наш противник е Чешка на 23 јануари (вторник), додека во последниот натпревар од оваа рунда се среќаваме со селекцијата на Данска на 24 јануари (среда).

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ