Македонија со најдобар ФИФА-ранкинг уште од 2010 година

Македонската фудбалска репрезентација направи скок од шест места на најновата ФИФА ранг-листа и моментално се наоѓа на 71-то место.

Националниот тим напредуваше и покрај фактот што изминатиот период не одигра ниту еден натпревар. Сега имаме 451 поен на ФИФА-листата и се наоѓаме едно место зад домаќинот на Светското првенство Русија. За Македонија ова е најдобриот ранкинг во последните осум години.

На врвот на табелата нема промени, Германија е прва пред Бразил и Белгија. Потоа следува европскиот првак Португалија, Аргентина, Швајцарија и Франција. Полска скокна две позиции и сега е осма, пред Чиле, додека Шпанија падна на десетата позиција.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ