
Македонија против Чешка во клучен дуел за пласман во втората фаза
Македонските ракометари попладнево во Виена го играат вториот натпревар од 14 –тото Европско машко ракометно првенство, против Чешка – натпревар кој се смета за клучен за втора победа на континенталниот собир и пласман во втората фаза.
По тесната победа над Украина, репрезентативците изјавија дека мора да бидат поборбени, попрецизни и помотивирани за да дојдат до посакуваниот резултат.
Натпреварот е во 16 часот во директен пренос на Телма, а претходно од 15.50 во отвореното студио ги пренесуваме и очекувањата на дел од македонските , како и репрезентативците на Чешка