
Македонија на победа против Чешка ако сака полуфинале
Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30, пренос ТВ Телма) во Вараждин ќе го одигра можеби клучниот меч на Европското првенство во Хрватска. Чешка ќе и биде вториот противник во Главната фаза од Групата 1 во која со евентуален триумф има големи шанси за пласман на едно од првите две места преку кои ќе се вклучи во борбата за еден од медалите на шампионатот.
Кире Лазаров ќе биде на официјалниот список за мечот со Чешка откако пред два дена против Шпанија ја повреди задната ложа на десната нога. Според најавите од Вараждин, постојат големи шанси македонскиот капитен да настапи.
Двете репрезентации ќе го одиграат 10 меѓусебен натпревар. Македонија имa подобар скор со четири победи, една повеќе од Чешката репрезентација. Две средби завршија нерешено. Последен пат нашиот национален тим славеше во квалификациите за ЕП во Хрватска (33:20), додека Чешка прва победи во меѓусебните дуели пред 19 години на ЕП во Италија кога ни го нанесе најубедливиот пораз од 38:18.
Двојки 2. коло – Група 1:
Словенија – Шпанија 18:15
Македонија – Чешка 20:30
Табела:
1. Данска 6 бодови
2. Шпанија 4
3. Германија 4
4. Македонија 3
5. Чешка 2
6. Словенија 1