МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ УКРАИНА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ НА У 20 ЕХФ ШАМПИОНАТОТ

Ракометната селекција на Македонија за играчи до 20 години  избори полуфинале на ЕХФ шампионатот  кој се одржува во Скопје.Во последното коло  од разигрувањето на групата Б,младинците после неизвесни 60  минути ја победија Украина со 28-27 и со 7 бодови го освоија 1.место на табелата кое води до полуфинална пресметка со второпласирана селекција од другата  група а тоа се Фарски Острови.

Мечот со украинците се одвиваше сосема различно од дербито против Швајцарија во претходното коло.Македонија и  Украина водеа битка за полуфинале.На противникот му беше потребна победа ,на нашите младинци доволно и реми што беше предуслов за драма во салата Борис Трајковски.После 13 изедначувања на резултот,предноста на Украина од 15-14 на полувремето,финишот им припадна на македонските ракометари кои со голот на Танкоски во 59 минута ги поставија финалните 28-27 за 1.место во групата.Танкоски беше најефикасен со 10 гола, пет постигна Шилегов, четири Димитриоски, по два постигнаа Арсеновски, Серафимов и Мишевски. Во полуфиналето Македонија ќе игра со Фарски Острови, второпласираната екипа од група А каде победникот Белорусија ја очекува Швајцарија која важи за фаворит во мечот со  Италија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ