
Македа со звукот на сирената за победа на Вардар во Кил
Ракометарите на Вардар славеа со 28-29 на гостувањето кај Кил во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Европскиот првак денешната претстава покажа дека повторно е еден од главните кандидати за пласман во Келн и секако, одбрана на титулата, по одличниот натпревар кај германскиот гигант.
Првото полувреме целосно мина во доминација на Вардар, кој не му дозволи на Кил ниту еднаш да води. „Црвено-црните“ постојано одржуваа предност од два до три гола разлика, а на полувремето резултатот гласеше 12-14 во корист на нашиот тим.
Серијата грешки во нападот на Вардар придонесоа Кил да дојде до првото водство на натпреварот во 45-тата минута, благодарение на серијата од 4-0 и поведе со 23-20.
Вардар притискаше до самиот крај да го врати водството и тоа му успеа буквално во последните секунди кога Македа погоди од цел терен во празната мрежа на Кил за конечни 28-29.
Пикерите беа најдобри стрелци на Вардар, Фереира Мораеш и Стојанче Стоилов постигнаа по пет погодоци, додека Дибиров четири пати се запиша во листата на стрелците.
Реваншот, што ќе го одлучи патникот во Келн на завршниот турнир е закажан за идната недела во салата „Јане Сандански“ во Скопје.