
ЛШ: ВАРДАР И МЕТАЛУРГ ГИ ДОБИЈА ПРОТИВНИЦИТЕ ВО НОВАТА СЕЗОНА
Вардар и Металург денеска во Виена ги добија ривалите во групата од првата фаза во ЛШ на ЕХФ.Македонскиот првак доби исклучително силна конкуренција .На пат кон висок пласман во А групата,Вардар ќе води битка со актуелниот првак Монпеље но и со поранешни Европски шампиони како Барселона и Кјелце.Покрај шампионскиот квартет ,ждрепката ги одреди во групата А и екипата на РНЛ каде настапува Филип Талески,Веспрем на Дејан Манасков,Кристијанштад и Мешков Брест.Во групата Б за директен пласман во четврфиналето ќе играат ПСЖ предводен од Раул Гонзалес, потоа Пик Сегед,Фленсбург,Скјерн,Загреб, Мотор Запорожје кој се засили со Жарко Пешевски,Цеље и Нант во чии редови игра капитенот на Македонската селекција, Кире Лазаров.
И Металург доби тешка група.Оваа сезона,maкедонскиот вице-шампион ќе настапува во конкуренција на групата Ц каде за првите две места што водат до плеј-оф ќе има мечеви со Силкеборг,Спортинг,Бешикташ,Чеховски Медведи и Татран Прешов.Во групата Д,другиот состав на екипи кои се во понизок ранг,покрај Висла Плоцк ќе настапат и Адемар Леон,Елверум,Вакер Тун,Динамо Букурешт и Рихимаен Кокс.
Споре важечките пропозиции,најдобрите два тима од А и Б групите обезбедуваат директен пласман во четврфиналето,екипите од второ до шесто место одат во осминафинале каде ќе им се приклучат и победниците од плеј-офот на Ц и Д групите.Во жеснкиот дел од елитната клупска конкуренција на ЕХФ,Македонија нема претставник.Новата сезона во ЛШ почнува на 12 септември.