ЛШ: ЛИВЕРПУЛ И БАРСЕЛОНА СО ПРЕДНОСТ НА РЕВАНШИТЕ

Ливерпул и Барселона им се приклучина Реал Мадрид и на Баерн кои први обезбедија предност во четврфиналето од елитната фудбалска Лига на Уефа.Синоќа на Енфилд,Ливерпул со 3-0 го доби англиското дерби со Манчестер Сити.Екипата на Јирген Клоп одигра ефектни 45 минути во кои веројатно ја избори предноста за полуфинале. Мохамед Салах го отвори резултатот во 12. минута, Чембрлен беше виновникот за нова навивачка ерупција на Енфилд во 21-та. Мане десеттина минути подоцна го реализираше третиот гол за Ливерпул против Сити кој сезонава доминира во Англија.На Камп Ноу ,Барселона со 4-1 и два автогола на гостите ја совлада Рома.Де Роси реагираше несреќно за римјаните во 38 минута.Манолас во 55 го постигна вториот автогол.Пике во 59 и овозможи водство на Барселона од 3-0.Џеко во 80-тата минута и донесе надеж на Рома,но Суарез во финишот ја врати високата предност за каталонците за финални 4-1.Претходно на првите два дуели од четврфиналето,Реал со 3-0 славеше на гостувањето кај Јувентус.Баерн со 2-1 замина од теренот на Севиља.Реваншите ќе се играат на 10 и 11 април.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ