ЛШ: Кристопанс во идеалниот тим, Шпенде со еден од најдобрите голови (ВИДЕО)

Даинис Кристопанс постигна осум голови во ремито на Вардар од 31-31 на гостувањето кај Брест Мешков. Неговата најдобра партија сезонава му донесе и место во идеалниот тим на 9.коло во Лигата на шампиони како најдобар десен бек.

Покрај Криштопанс во најдобриот тим на колото се најдоа и Штефан Сигурмансон од Пик Сегед, кој е најдобро лево крило, Жилберто Дуарте од Барселона е најдобар лев бек, Ајденас Маласинскас од Мотор е најдобар централен бек, најдобро десно крило е Валтер Криц од Кристијанштад, Хенкрик Тофт Хансен (ПСЖ) е најдобар пикер, а очекувано Роланд Миклер од Веспрем беше избран за најдобар голман откако забележа 21 одбрана против Рајн-Некар.

И Металург овој пат има свој претставник помеѓу најдобрите. Александер Шпенде го има петтиот најдобар погодок во деветото коло. Словенецот постигна вкупно седум голови против Силкеборг во поразот на „металурзите“ од 29-33, а еден од нив беше вистинско ремек дело.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ