ЛШ и ЛЕ продолжуваат најрано во јуни
Иако се уште нема официјално соопштение, медиумите ги пренесуваат одлуките на УЕФА по одржувањето на состанокот со генералните секретари на националните асоцијации.
Неофицијално, Лигата на шампионите и Лига Европа нема да продолжат пред јуни, а се планира новата сезона да почне во периодот меѓи 14 и 21 октомври.
УЕФА размислува финалните мечеви во двете клупски натпреварувања да се одиграат без присуство на гледачи, а домаќини да останат Истанбул и Гдањск.
Во Лига Европа до прекинот на сезоната се одиграа шест од осумте први натпревари во четврт-финалето, а не се комплетирано ниту осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите.