
Ливерпул заинтересиран за Азар
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп од челниците на клубот побарал да се почнат преговори за евентуален трансфер на Торган Азар, кој во моментов настапува за Борусија Менхенгладбах.
Средниот од трите браќа Азар сезонава игра во добра форма и на 14 натпревари во Бундес лигата постигна осум гола и забележа шест асистенции што е одлична препорака за Клоп да го побара како засилување за Ливерпул во следната сезона.
Азар со Борусија Менхенгладбах има договор до 2020 година, а откупната клаузула е 30 милиони евра, сума што е прифатлива за клубот од Енфилд Роуд.