Ливерпул повторно заинтересиран за Асенсио

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп веќе ги прави плановите за засилување на екипата за следната сезона.

Според пишувањето на некои медиуми во Велика Британија, Ливерпул планира да испрати понуда до Реал Мадрид за трансфер на Марко Асенсио. Неофицијално клубот од Енфилд за предвремен раскин на договорот на Кралскиот клуб е подготвн да му осплати обештетување од 100 милиони евра.

Инаку Ливерпул и во текот на летниот преоден рок  го посакуваше младиот шпански фудбалер во своите редови, но се повлече од преговорите бидејќи тој сакаше да остане на Сантијаго Бернабеу.

Сега ситуацијата е поинаква бидејќи Асенсио не е задоволен од статусот во клубот и сака да си замине од Мадрид.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ