
Ливерпул и Челзи остануваат перфектни во Премиерлигата (ВИДЕО)
Лиерпул и Челзи го задржаа максималниот ефект и по четири одиграни натпревари во премиерлигата.
„Црвените“ дојдоа до победа од 2-1 на незгодното гостување кај Лестер сити. Садио Мане и Роберто Фирмино погодија во 10-тата и 45-тата минута за да му донесат водство на гостинот. Лестер успеа само да го ублажи поразот и тоа најмногу благодарение на киксот на голманот Алисон Бекер, а во листата на стрелци се запиша Рашид Гезал.
Челзи го скрши отпорот на Бормут на „Стемфорд Бриџ“ во последните 20 минути од натпреварот. Најпрво нововлезениот Педро погоди за 1-0 во 72-та минута, а работата за „сините“ ја заврши Еден Азар во 85-тата минута.
На останатите дуели, Вест Хем останува единствениот тим без бод по четири натпревари, откако денеска загуби со 0-1 од Вулверхемптон. Брајтон и Фулам одиграа 2-2, Саутемптон со 2-0 славеше на гости кај Кристал Палас, додека Евертон и Хадерсфилд ги поделија бодовите играјќи 1-1.