Ливерпул ги предупредува навивачите

Раководството на Ливерпул најави дека подготвува посебен систем со кој ќе се детектираат сите навивачи кои ќе добијат влезница за финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Тотенхем, а потоа ќе ја препродадат на црно.

Ливерпул од УЕФА доби 16.613 билети, а во моментов пополнети се 31.000 апликации за влезниците.

На интернет веќе се објавија понуди во кои цената на билетите на црно се движи меѓу 2800 и 3000 фунти, а од ден на ден сумата постојано се зголемува.

Клубот од Енфилд ги предупреди навивачите да не купуваат влезници од неофицијални сајтови бидејќи преку нив се продаваат фалсификати.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ