Лионел Меси стана рекордер во историјата на Барселона со 33 трофеи (ВИДЕО)

Барселона го освои шпанскиот Супер Куп откако ја победи Севилја со 2-1. За прв пат во историјата се одигра само еден дуел во ова натпреварување и тоа во Танџир, Мароко.

Андалузијците први поведоа со голот на Пабло Сарабија во 9-тата минута. Пред крајот на првото полувреме израмни Жерард Пике, а победата на каталонците им ја донесе Усман Дембеле со прекрасен гол од далечина во 78-та минута од натпреварот.

Лионел Меси со овој пехар стана најтрофејниот фудбалер во историјата на Барселона и сега има вкупно 33 титули.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ