ЛИГА НА НАЦИИ:ТОШЕВСКИ ДОБИ ПОВИК НА МЕСТОТО НА ПОВРЕДНИОТ АДЕМИ

Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски е повикан во А репрезентацијата на Македонија за натпреварите против Гибралтар и Ерменија за отворањето од Лига на Нации.Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски го повика Кристијан Тошевски на местото на Аријан Адеми играчот на Динамо Загреб кој поради повреда на задниот бутен мускул  ќе паузира еден месец. Лигата на Нации ја отвораме со гостување во Гибралтар на 6 септмеври.Првиот домашен натпревар од Лига на Нации,Македонија  го игра три дена подоцна,  на 09. септември против Ерменија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ