
ЛИГА НА НАЦИИ: МАКЕДОНИЈА ОЧЕКУВА НОВИ БОДОВИ ВО СЛЕДНИТЕ ДВА МЕЧА
Без поголеми промени во тимот ,со проверени сили ,селекторот Игор Ангеловски ќе ја води сениорската репрезентација во следните две кола од Лигата на нации.Македонија оствари две победи над Гибралтар и Ерменија и ја има улогата на фаворит во групата 4.
-На списокот нема многу промени, веќе се проверени имиња, фудбалери кои беа и на предходните дуели. На позицијата трет голман се враќа Шишковски, а повратници во тимот се Адеми и Хасани, со кои се зголемува конкуренцијата во средниот ред. Ние сме фокусирани на првиот дуел. Сакаме да ги освоиме трите бода и да продолжиме таму кадешто застанавме. Очекувам победа против Лихтенштајн, уште подоброи ако запишеме нови три бода со допадлива игра, изјави Ангеловски.
Дефанзивецот на Ријека, Дарко Велковски е единствениот неизвесен за двата натпревари.Собирот со играчите Ангеловски го закажа на 8 октомври во Скопје.Мечот со Лихтенштајн ќе се игра на 13-ти на арената Филип Втори.Веројантно клучниот дуел за 1.место во групата,гостувањето кај Ерменија е на програма во Лигата на нации на 16 октомври во Ереван.