ЛЕКЛЕР ТРИУМФИРАШЕ НА МОНЦА

Пилотот на Ферари,Шарл Леклер победи на Формула 1 трката во Монца и после деветгодишна пауза  му го донесе првиот триумф на италијанскиот тим  на домашната патека.

Шарл Леклер ги минува најсветлите моменти од кариерата.Дебитантот кај Ферари,победи во својата прва сезона на легендарната Монца ,предизвикувајки делириум околу патеката.Возачот од Монако ги издржа нападите на Хамилтон и на Ботас, и втора трка по ред финишираше пред    возачите на Мерцедес кои за разлика од  Спа ги променија позиции зад 21. годишниот ас на Ферари.Ботас заврши на 2.место,светскиот првак Луис Хамилтон на третото.Одличен викенд во Монца имаше и Рено.  Даниел Рикиардо финишираше  како четврти а Нико Хулкенберг како петти. Бодови уште освоија и Алекс Албон, Серхио Перез, Макс Верстапен, Антонио Џовинаци и Ландо Норис.Полсе 14 трки водечки е Хамилтон со 63 бодови повеќе од Ботас.Леклер со проби до 4.позиција на три бода од третопласираниот Верстапен.Следната трка ќе се вози на 22 септември во Сингапур.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ