
ЛЕГЕНДАРНИОТ РОНАЛДО Е НОВИОТ СОПСТВЕНИК И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВАЉАДОЛИД
Бразилецот Роналдо,поранешната звезда на Милан,Интер ,Барселона и Реал Мадрид стана сопственик и претседател на шпанскиот прволигаш Ваљадолид.Клубот денеска официјално го претстави легендарниот бразилски репрезентативец кој за сума од 30 милиони евра откупи 51 процент од акциите на Ваљадолид.41 годишниот Роналдо најави формирање на нов,конкурентен тим и подобри резултати.После 3.кола во Примера,Ваљадолид е на 16 место без победа со биланс од еден пораз и две ремија.