ЛЕГЕНДАРНИОТ ЛИПИ ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА

Иконата на Италија и на Јувентус, Марчело Липи донесе одлука да стави крај на тренерската кариера. 70 годишниот фудбалски стратег од 2016 година е селектор на Кина, репрезентација која ќе ја води уште на Купот на Азија , и по 31 јануари  најави заминување во пензија. Липи стекна европска слава со петте скудета на Јувентус како и трофејот со Старата Дама во  ЛШ  од сезона 1995/96. Во 2006 година на СП во Германија,Липи  ги предводеше Азурите до 4-та мундијалска титула.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ