
ЛеБрон подобар од Вејд, ЛА Лејкерс славеа против Мајами
Во првото соочување на поранешните соиграчи, ЛеБрон Џејмс и Двејн Вејд, Лос Анџелес Лејкерс го совлада Мајами со 108:105 и ја забележа втората последователна победа со која се задржа на петтото место на Западот. Џејмс мечот го заврши со 28 поени, 12 асистенции и девет скока додека Кајл Кузма имаше 33 поени и седум освоени топки под обрачите.
Во поразениот тим Џастис Винслоу впиша 28 поени и седум скока, а Вејд имаше 15 поени и 10 додавања.
Шампионот Голден Стејт ја продолжи триумфалната низа и по победата над Минесота со 116:108 стигна до четврттиот триумф едно по друго.
Стеф Кари имаше учонок од 38 поени, шест асистенции и седум скока, Кевин Дурент беше стрелец на 22 поени, а Клеј Томпсон постигна 26.
На спротивната страна Карл Ентони Таунс забележа 31 поен и 11 освоени топки под обрачите, а Дерик Роуз стигна до 20 поени и пет скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Вашингтон 109:101
Филаделфија – Детроит 116:102
Бостон – Њу Орлеанс 113:100
Чикаго – Сакраменто 89:108
Милвоки – Кливленд 108:92
Оклахома – Јута 122:113
Далас – Орландо 101:76
Денвер – Мемфис 105:99
Феникс – ЛА Клиперс 119:123 (продолженија)