ЛЕБРОН ЏЕЈМС ДЕБИТИРАШЕ ВО ДРЕСОТ НА ЛА ЛЕЈКЕРС

Рано утрово ,најголемата звезда на НБА лигата, Леброн Џејмс го одигра својот прв меч во дресот на Лос Анџелес Лејкерс и тоа против составот на Денвер Нагетс.Лејкерс ја загубија контролната средба со 124-107.33 годишниот Џејмс во дебито постигна 9 поени за 15 минути игра ,зачинети   со 3 скока и 3 асистенции .Во летниот трансфер период тој се пресели од Кливленд во Калифорнија.Леброн Џејмс има три шампионски прстени во кариерата,два со Мајами и последниот од 2016 како играч на Кливленд  Кавалирс.Во 1.коло од новата НБА  сезона,Лејкерс на 18 октомври гостуваат кај  Портланд.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ