Лазаревски и Дупјачанец остануваат: Металург најави и нови засилувања

Милан Лазаревски и Даниел Дупјачанец и идната сезона остануваат дел од ракометниот клуб Металург, објавија од Автокоманда. Наскоро ќе бидат продолжени договорите и на други ракометари, а најавени и се и нови засилувања за следната сезона.

Искусниот голман Дупјачанец минатата сезона се врати во таборот на „металурзите“ и се промовираше како еден од клучните играчи во тимот, а лани блескаше во финалето на Купот против Вардар. Лазаревски пак останува со својот матичен клуб, барем уште една сезона. Кружниот напаѓач, кој има 23 години постојано напредува во својата игра, па затоа доби доверба од раководството на клубот.

„Во наредните денови ќе им бидат понудени нови договори и на некои од преостанатите ракометари чии договори истекуваат. На првиот тим ќе му се приклучат и најдобрите поединци од помладите категории, а во тек се и преговори со нови играчи, кои ќе ја засилат екипата за сезона 2020/21“, вели претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Тимот засега го напушти само Марио Танкоски, кој се пресели во редовите на Еурофарм Пелистер.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ