„Лавовите“ скротени од Алашкерт

Македонија Ѓорче Петров загуби со 3-1 на гостувањето кај Алашкерт во рамки на првото квалификациско коло во Лигата на Европа.

Нашиот претставник можеби не заслужи вака убедлив пораз, барем според прикажаната игра на теренот.

Никита Танков по 16 минути игра го донесе домашниот тим во водство. Во 52-та минута Ален Јашароски погоди со глава за 1-1. Данило Секулиќ го врати Алашкерт во водство, а точка на натпреварот стави Нето во 82-та минута откако си постигна ефектен автогол за конечни 3-1.

Реванш средбата е идниот четврток на теренот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ