Ла Лига продолжува на 12 јуни
Раководството на Ла Лига испратила допис до клубовите дека продолжението на сезоната е закажано за 12 јуни, но конечниот збор ќе го има министерството за здравство.
Според календарот натпреварите ќе се играат в петок, сабота и недела, а дел од мечевите ќе се играат и во останатите денови.
Фудбалерите и стручните штабови ќе бидат редовно тестирани, а сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи.