КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП:РАКОМЕТАРКИТЕ ВО ГРУПА СО ИСЛАНД И ТУРЦИЈА

Женската ракометна селекција на Македонија  немаше добра ждрепка во Глазгов.Во првиот дел од квалификациите за СП во Јапонија,националниот тим повторно е во конкуренција на Исланд но и на Турција  и Азербејџан.Пласман во плеј-офот или баражот обезбедуваат  само победниците од 4-те групи како и најдобрата второпласирана  селекција.Покрај актуелниот светски првак Франција,директен влез на мундијалот во Јапонија ќе обезбедат и првите три репрезентации од ЕП 2018 како и селекциите што ќе го минат баражот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ